Јапонија увезува нафта од Русија за прв пат по почетокот на војната во Иран

Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во Русија за прв пат по отпочнувањето на војната на Блискиот Исток, објави официјален претставник на јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Future Energy & Technology

Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во Русија за прв пат по отпочнувањето на војната на Блискиот Исток, објави официјален претставник на јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

САД и Израел во февруари го нападнаа Иран, што доведе до фактичко затворање на Ормутскиот теснец, од каде минуваат броовите за транспорт на нафта.

-Нафтата потекнува од проектот Сахалин-2 на рускиот Далечен Исток, а пратката ја купи јапонската компанија Таиџо Оил. Танкерот за нафта исплови кон крајот на април и се очекува да пристигне во префектурата Ехиме во западна Јапонија, објави новинската агенција Кјодо.

Овој потег доаѓа во време кога Јапонија, која е во голема мера зависна од увозот на енергија од Блискиот Исток, се стреми да ги диверзифицира своите извори на снабдување поради нарушувањата на глобалниот пазар.