Доаѓа нуклеарна апокалипса: Медведев упати драматично предупредување

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска дека нуклеарната апокалипса е навистина можна и дека оние што не го разбираат тоа се „сонувачи или будали“

од Кристијан Димков
21 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/APT

Говорејќи на образовниот маратон „Знаење. Први“, Медведев рече дека често го критикуваат поради острата реторика и спомнувањето на нуклеарната апокалипса, но истакна дека таквото сценарио е реално можно, пренесува РИА Новости.

„За жал, таа е навистина можна. Оној кој не е свесен за тоа е сонувач или будала. Но, ние секако не би го сакале тоа“, истакна Медведев.

Тој изјави дека судирот меѓу Русија и Западот има егзистенцијален карактер и е прашање на опстанок.

„Нашиот судир со западниот свет денес е од егзистенцијална природа, односно, тоа е прашање на постоење“, рече Медведев.

Тој додаде дека Европејците сакаат Русија да згасне.