Претедателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече американските трупи од Италија и Шпанија, еден ден откако изјави дека размислува за намалување на бројот распоредени војници во Германија.
Заканата на американскиот претседател до Германија дојде откако канцеларот на земјата, Фридрих Мерц, рече дека Америка е понижена од Иран, објави британски Гардијан.
Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО за тоа што не ги испратија своите морнарици да помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец, клучен коридор за комерцијален превоз.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, од самиот почеток се изјасни против американско-израелската војна против Иран, а Рим играше балансирачки чин до крајот на март, кога одби да ја користи воздухопловната база во Сицилија за американските авиони што носат оружје за Иран.
На прашањето дали би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија, Трамп во четвроток им изјави на новинарите:
-Веројатно… погледнете, зошто не би требало? Италија не ни беше од никаква помош, а Шпанија беше ужасна, апсолутно ужасна.
Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, рече дека не ги разбира мотивите на Трамп за заканата за повлекување на американските трупи од Италија и ги отфрли обвинувањата дека Рим не им помогнал на САД, особено во однос на поморската безбедност. Кросето, исто така, алудираше на обвинувањата на Трамп дека бродови поврзани со Европа го преминале Ормутскиот теснец.
-Како што им е јасно на сите, ова никогаш не се случило. Исто така, се ставивме на располагање за мисија за заштита на бродовите. Ова беше многу ценето од американската војска“, изјави Кросето за италијанската новинска агенција Анса.