Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи ги предупреди Американците за можно ново зголемување на ширењето на инфекцијата и зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус по Божиќ, додека ситуацијата по празникот на Денот на благодарноста се уште не се смирила.
Фаучи за „Си-Ен-Ен“ изјави дека продолжените празници за Божиќ и Нова година ќе бидат уште поголем предизвик од неодамнешниот празник, во време кога САД бележат околу 200.000 пациенти на ден, со рекорден број на пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
„Никој не сака да ја менува или откаже сезоната на празници, но во толку критично време не смееме да се свртиме настрана од фактите и податоците. Сите треба да размислиме за тоа“, рече Фаучи, кого новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го замоли да остане во неговиот Ковид тим како главен медицински советник.