Фаучи му препорача на Трамп да се вакцинира

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Масовната вакцинација на Американците може да започне во март следната година, изјави водечкиот американски експерт за инфективни болести, д-р Ентони Фаучи, како гостин во емисијата на Си-Ен-Ен „Состојба на нацијата“. Тој исто така го повика Доналд Трамп да се вакцинира. Според неговата проценка, животот може да се врати во нормала есента следната година.

Ентони Фаучи смета дека треба да се вакцинираат меѓу 70 и 75 проценти од Американците за да се имунизира населението.

„Во моментов ги вакцинираме оние кои се на фронтот, кои претежно се занимаваат со пациенти, лекари и медицински работници, потоа преминуваме на оние кои спаѓаат во ризични групи, но да се дојде до заклучок дека секој може да се вакцинира, дека не мора каков приоритет, мислам дека ќе биде март или април 2021 година“, рече главниот американски епидемиолог.

Според него, ќе бидат потребни неколку месеци за да се вакцинира 75% од населението.

„Мислам дека животот може да се врати во нормала есента следната година“, изјави Фаучи.

Епидемиологот, кој наполни 80 години пред три дена, верува дека Америка „сè уште ја чека најлошото“ по празниците.

„Можеме да го видиме тоа по Божиќ и Нова година, нов бран. Во моментов сме во многу критична ситуација. И тешко е да се спречат луѓето да се собираат за празниците“, рече д-р Ентони Фаучи.

Познатиот имунолог ги охрабрува сите Американци да се вакцинираат и тоа топло го препорачува на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Фаучи ја прими вакцината во Националниот институт за здравство (НИХ), а целиот настан беше пренесуван во живо на националната телевизија, како дел од обидот да ги убеди Американците дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Слични содржини