Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави денес дека студентите од последната година во САД ќе бидат вакцинирани до есен, додека нивните помлади колеги најверојатно ќе бидат вакцинирани на почетокот на 2022 година.
Тој изрази уверување дека Националните центри за контрола и превенција на болести „во следните неколку дена“ ќе одобрат ублажување на мерките за лицата кои биле вакцинирани, но апелираше до 80 проценти од населението во САД кои сè уште чекаат на вакцинирање да се придржуваат и да ги спроведуваат превентивните анти-епидемиски мерки, објави Ројтерс.
„Ние сме на добар пат, само треба да издржиме уште малку“, рече д-р Фаучи во интервју за телевизиската мрежа ЦБС.
Во САД, во просек, секој ден се вакцинираат околу 2,1 милиони луѓе, според Ројтерс.