ФБИ бара Ким Кардашијан да врати украдена римска статуа!

од Vladimir Zorba

Американската влада бара од Ким Кардашијан (40) да се откаже од античка римска скулптура која илегално била шверцувана од Италија.

Имено, Кардашијан во 2016 година од „Axel Vervoordt Gallery“ во Белгија купи статуа од варовник, позната како „Fragment of Myron’s Samian Athena“, пишуваат странските медиуми

Античкото уметничко дело – кое датира од 1 или 2 век – беше запрено кога пристигна во Лос Анџелес во мај 2016 година, откако американските власти предупредија дека може да биде заштитено културно богатство, се вели во извештајот.

Понатамошното испитување на трудот поврзан со статуата имаше одредени отстапувања, што ги натера службените лица да бидат сомнителни од каде потекнува ова уметничко дело.

Во 2018 година, италијанското Министерство за културно наследство испрати археолог да го испита делото. Експертот потоа заклучил дека оваа статуа е украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија, наведувајќи дека државата Италија ја бара назад.

ФБИ и нареди на Кардашијан да се откажe од делото и тие во петокот, во Калифорнија, поднесоа тужба за конфискација на имот. Нема индикации дека Ким била свесна за потеклото на статуата.

– Ким никогаш не го купила ова парче и првпат дознава за неговото постоење. Ние веруваме дека делото е можеби неовластено купено со нејзино име, и бидејќи никогаш не стигнало до нејзината адреса, таа не била ни свесна за некаква трансакција. Ние охрабруваме понатамошна истрага и се надеваме дека статуата ќе им биде вратена на нејзините вистински сопственици – рече претставничката Ким Кардашијан на оваа тема.

Слични содржини