Федерер: Ѓоковиќ е голем фаворит на Индијан Велс

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Поранешниот тенисер Роџер Федерер предвиде кој би можел да победи на Мастерсот во Индијан Велс.

И Федерер е на американско тло, но во Сан Франциско, каде што го промовира своето натпреварување, Лејвер купот, но веднаш беше прашан кој може да го освои Индијан Велс.

“Мислам дека Ѓоковиќ е голем фаворит. Исто така мислам дека Синер нема пораз од Австралија опен. Алкараз исто така се враќа и тој е бранител на титулата, па мислам дека победникот ќе биде еден од тие тројца. За жал, Надал се повлече “, изјави Федерер.

Во Калифорнија Федерер има пет титули, исто како и Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ патувањето до новиот трофеј ќе го започне во недела навечер, кога ривал ќе му биде Александар Вукиќ.

Слични содржини