Фејсбук нема да ви открие дали сте еден од 533. милиони корисници чии податоци испливаа

407 прегледи

Најголемата социјална мрежа во светот одговори на веста дека податоците за 553 милиони сметки се јавно објавени на Интернет, но веројатно не баш како што се надеваа многу корисници.

Очигледно има многу информации во овие податоци што можеби не сакате да лебдат на Интернет – вклучувајќи родендени, локации, полни имиња и телефонски броеви – па разочарувачки е да се слушне дека Фејсбук не планира да ги известува корисниците кои можат да бидат засегнати.

Компанијата наведе две причини зошто не зборува проактивно со корисниците – тие не се сигурни дека ќе знаат кои корисници треба да бидат известени, но исто така и дека корисниците нема да можат да прават ништо во врска со податоците на Интернет.

Претходно, Фејсбук на својот блог напиша дека „верува“ дека податоците се избришани некаде пред септември 2019 година, со метод што „ја нарушува политиката за користење на компанијата“. Фејсбук вели дека направил измени во оние места каде имало истекување на податоци, со цел да се запре.

Сепак, како што истакна новинарот на BuzzFeed News, Рајан Мек, изјавата на компанијата не се совпаѓа со фактот дека компанијата не проговорила ниту поднела тужба против контроверзната компанија Clearview AI, која произведува софтвер за препознавање на лице, за користење фотографии на корисници од Инстаграм и Фејсбук. Можеби одговорот лежи во фактот дека софтверот на компанијата го користат илјадници владини агенции во САД, вклучително и полициската администрација.

Слични содржини