Февруари со температури во рамки на просечните за овој период

од Milan1
11 прегледи

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, февруари 2025 година се карактеризира како просечен и многу сув месец во однос на температурите и врнежите, во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година.

-Месечната температура се движеше од -1,2 степени Целзиусови во Маврово до 5,8 степени Целзиусови во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше 0,5 степени под просечната, на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 1 февруари во Гевгелија и изнесуваше 18,0 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Забележени се постудени денови, со минимална температура под нулата при крајот на втората декада од месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Берово, на 20 февруари и изнесувала -14,2 степени Целзиусови.

Во февруари месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 0,2мм во Демир Капија до 8,1мм во Берово. Врнежите биле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 2,3 мм било регистрирано во Берово на 26-ти во месецот. На 19-ти била измерена највисока снежна покривка од 36 сантиметри на Попова Шапка.

Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 94 проценти под просечната на ниво на држава.

Слични содржини