Фицо е свесен и комуникативен

од Milan1
284 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.

„Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се опоравува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.

Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако се уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.

Министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, во неделата формирал истражен тим, кој ќе утврдува дали напаѓачот бил сам, како што првично се веруваше, или бил дел од група, пренесува „Танјуг“.

Фиц беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција.

Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Цинтула, наводно, учествувала на неколку антивладини протести и се спротивставувал на прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Слични содржини