Фицо: Ќе ми биде чест да одам во Москва за да ја одбележам 80-годишнината од крајот на Втората светска војна

од Milan1
35 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо вели дека за него било чест, во Москва, да ја одбележи 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна во 2025 година, пренесува Спутник.

„Ќе бидам многу среќен (да отидам на парадата)… Ќе ми биде чест да одам во Москва за да ја одбележам 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, пред сè, победата над фашизмот. Тоа е моја лична должност, рече тој во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Говорејќи за минирањето на Северниот тек, тој го нарече „глупост што тоа го направиле украински нуркачи“.

„Прочитавме дека некои пијани украински офицери рекле дека имале намера да го кренат во воздух (Северен тек). Се разбира, малку претерувам, но замислете како тие на чамци стигнале до местото каде што минувала цевката, скокнале во водата, нурнале неколку стотини метри, земале со себе пиротехнички средства и ги запалиле. Глупости“, рече тој.

Слични содржини