Словачкиот премиер, Роберт Фицо, денеска разговараше со шефот на американското Министерство за владина ефикасност (ДОГЕ) Илон Маск за затворањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кој му рече дека САД не сакаат парите на нивните даночни обврзници да се користат за мешање во внатрешните работи на други земји.
„Задоволство ми е да ве информирам за средбата со највисокиот претставник на Одделот за владина ефикасност, познатиот мултимилијардер Илон Маск разговаравме за затворањето на УСАИД, американска агенција која додели доста големи финансиски средства за невладини организации и медиуми во Словачка“, рече Фицо во видео-објавата на Фејсбук по средбата со Макс во Вашингтон.
Тој рече дека овие пари потоа ги користеле „антивладините медиуми и разни антивладини организации“ за да ги извршуваат своите активности против словачката влада, пренесува Танјуг.
„Маск не’ увери дека таа ера е завршена, и дека администрацијата на новиот американски претседател не е заинтересирана да се меша во внатрешните работи на други земји користејќи американски пари“, рече Фицо.