Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка „не е слуга на Украина“ и дека ги смета потезите на Киев за непријателски, најавувајќи, како прв одмазднички чекор прекин на вонредното снабдување со електрична енергија на Украина, предупредувајќи дека спорот може да влијае и на европската интеграција на државата.
„Повторно му кажувам на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, Словачка не е слуга на Украина“, изјави Фицо, опишувајќи ги постапките на Киев како непријателски, објави словачкиот TA3.
Покрај енергетскиот спор, Фицо предупреди и на можни компликации во врска со европската интеграција на Украина.
Тој ја услови својата поддршка за влезот на земјата во Европската Унија не само со спроведувањето на реформите, туку и со „промената во однесувањето“ на претседателот Зеленски.
Словачкиот премиер отфрли какво било „дивеење“ во процесот на проширување на Европската Унија и нагласи дека Словачка нема едноставно да „крене рака“ во донесувањето на одлуки.
Снабдувањето на Словачка со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој транзитира низ Украина, беше прекинато на почетокот на февруари.
На 18 февруари, словачката влада прогласи вонредна состојба поради недостиг на нафта, а Фицо рече дека побарал прекин на итното снабдување со електрична енергија за Украина.