272
Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилна по минатонеделниот обид за атентат, пишува денеска словачката агенција „ТАСР“.
Премиерот закрепнува, објави денеска на социјалните мрежи од болницата во Банска Бистрица, додавајќи дека Фицо почнал да комуницира.
„Неговите воспалителни маркери полека се намалуваат. Господинот премиер се уште е под наша грижа“, напишаа од болницата.