Филипче: На 14-ти мај добиваме 38.400 вакцини од „АстраЗенека“

од Andreja Salpe

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил истакна дека на 14-ти овој месец ќе стигне втората пратка вакцини, набавени преку КОВАКС механизмот.

– Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот АстраЗенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, напиша Филипче на својот фејсбук профил

Слични содржини