Филипче со директорите ќе дискутира за тоа дали докторите ќе одат на одмор

од Берта Китинска

По реакцијата на лекарите дека медицинскиот пересонал не може да си го искористи одморот, министерот за здравство Венко Филипче рече  дека лекарите и медицинските сестри сега имаат работа, но  ќе се дискутира за тоа дали смеат да одат на одмор.

„Тоа е препорака за која разговаравме кога ситуацијата беше прилично мирна. Сега е можно повторно да дискутираме, но сега се навистина ангажирани лекарите, медицинскиот персонал. Конкретно на интерните клиники, дел се вообичена работа, дел со ковид пациенти. Ќе разговараме дополнително, мислам дека и самите лекари и медицински сестри сега практично имаат зголемен обем на работа, но ќе може ова да го дискутираме со директорите“, изјави Филипче.

Во одлуката на Владата стои:

„Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, стои во одлуката на Владата по седницата одржана на 13 март 2020 .

Слични содржини