ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ЗАГРЕБ: Разбојници со бомба разнеле банкомат

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Во Загреб во текот на ноќта од четврток кон петок имало нов обид за упад во банкомат. Цел на крадците овој пат бил банкоматот на Рајфајзен банка, кој се наоѓал веднаш до бензинска пумпа.

„Утринава, поминував покрај бензинската пумпа и ја видов полицијата како дежура покрај банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјави сведок за „24 часа“ за кражбата со експлозив што се случи во петокот вечерта во загрепски Бузин. На местото на настанот пристигнала полиција со четири возила. Форензичарите зеле мостри.

Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат. Истрагата е во тек и ќе се испитуваат многуте надзорни камери лоцирани во областа.

Загрепската полиција подоцна го потврди инцидентот.

„Вечерва, 5 јули, околу 3 часот во Нови Загреб, на авенијата Вечеслав Хољевац, на бензинската пумпа, според досега собраните информации, непознат сторител со неутврдено средство предизвикал експлозија на банкомат. Истрагата е во тек, а ќе следува и кривична истрага“, беше кратко соопштено, пренесува медиумот.

Слични содржини