Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска оцени дека постои можност за војна во Европа и надвор од Украина.
„Секако дека постои можност. И затоа е толку важно да се поддржи Украина во овој момент“, рече Хависта во интервју за Си-Ен-Ен.
На прашањето дали Украина може да победи во војна против Русија, Хависто одговори дека тие можат да ја одржат ситуацијата и во таа смисла можат и да победат.
Зборувајќи за новиот светски поредок, во кој Финска не може да одржи неутралност, Хависто изјави дека Русија како соседна земја станува безбедносна закана.
„Мислам дека ова е нова реалност и дека европската безбедносна архитектура е скршена. Ова е нова ситуација, има нов вид „железна завеса“ меѓу Русија и другите земји и, се разбира, се заснова на руската агресија врз соседна Украина“, оцени Хависта.
Хависта рече дека руската инвазија на Украина ја „промени безбедносната атмосфера“ и ја сподели загриженоста за „лабавите разговори за нуклеарно и хемиско оружје“ кои го вратија светот во состојбата во која беше за време на кубанската ракетна криза за време на Студената војна.
„Имаме силна традиционална војска и доаѓаат нашите Ф-35, но што ако ни се закануваат неконвенционално оружје“, ја објасни Хависта загриженоста на Финска за безбедноста.
Финска, заедно со Шведска, по децениска неутралност на самитот на НАТО што се одржа оваа недела во Мадрид, добија покана да се приклучи на оваа воена алијанса, откако властите на двете земји во мај поднесоа барање за приклучување кон Алијансата.