Фон дер Лајен: ЕУ има за цел да ги здружи силите со воената индустрија за да ја зголеми помошта за Украина

од Radmila Tasevska
155 прегледи

Европската унија има за цел да ги здружи силите со одбранбените индустрии на земјите-членки на Унијата со цел да го забрза и зголеми производството на муниција што е многу потребна на бојното поле во Украина и да ги надополни домашните воени резерви, изјави денес претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција

Фон дер Лејен посочи дека ЕУ треба да се здружи како што тоа го направи за време на пандемијата на корона за масовно производство на вакцина и дека сега треба да го забрза и зголеми производството на стандардизирана муниција, која, како што рече, „на Украина очајно и треба“.

Претседателот на ЕК напомена дека Унијата треба да ги надополни сопствените воени залихи и да испрати муниција како артилериски гранати од калибар 155 милиметри во Украина, пренесе Ројтерс.

Слични содржини