Фон дер Лајен: ЕУ е посветена на создавање просперитет преку планот за раст за Западен Балкан

од Milan1
19 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Тирана изјави дека Европската Унија е посветена на создавање просперитет, вклучително и преку план за раст за Западен Балкан.

„Поврзаноста мора да биде високо на нашата агенда. Веќе создаваме такви можности преку нашата програма за Украина и нашите планови за раст за Западен Балкан и Молдавија“, рече таа на Самитот на Европската политичка заедница.

Фон дер Лајен рече дека светскиот поредок е нарушен од „империјалистичките амбиции“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и од други глобални проблеми.

Таа истакна дека Европа останува обединета во својата непоколеблива поддршка за Украина, нагласувајќи дека тоа е и причината за формирањето на Европската политичка заедница, по што најави нова рунда санкции против Русија.

Слични содржини