Фон дер Лајен: ЕУ ќе и даде на Украина 160 милиони евра од замрзнатите руски средства

од Milan1
6 прегледи

Европската комисија дополнително ќе додели околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, од кои 60 милиони се за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација, а оваа сума, како што се наведува, ќе се обезбеди од приходите од замрзнатите руски средства, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Со ова се компензира, на пример, еквивалент на загубата на производството на електрична енергија во нуклеарната централа Запорожжја, која, како што знаете, сега е под руска контрола. Станува збор за три насоки: поправка, поврзување и стабилизација. Благодарение на ова, ЕУ ќе може да обезбеди 25 отсто од вкупните потреби на Украина во текот на претстојната грејна сезона“, рече таа на заедничката прес-конференција со извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол во Брисел.

Претседателката на ЕК нагласи дека целта е да се задоволат моменталните потреби на населението, како и да се направи енергетскиот систем на Украина поодржлив на долг рок.

На Украина во моментов и се потребни 17 гигавати енергетски капацитет за да ја преброди зимата, рече таа, додавајќи дека Русија уништила „половина од целата енергетска инфраструктура“ на Украина, што, како што рече, е „еквивалент на моќта на три балтички држави заедно. ”

Слични содржини