Фон дер Лајен: Европската унија ќе помогне со 20 милиони евра за опоравување од поплавите во Јабланица

од Илинка Илиоска
37 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се обрати пред медиумите по средбата со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, велејќи дека ќе продолжи да ја поддржува земјата,

„Ви благодарам за можноста да ги посетам подрачјата погодени од катастрофалните поплави, ја користам оваа прилика уште еднаш да им изразам сочувство на членовите на семејствата и пријателите на настраданите. Навистина е болно да се видат катастрофа со толкави размери како таа во областа Јабланица. Сакам да испратам порака до сите, особено до оние од погодените области, дека Европската Унија е со вас, ние бевме со вас во се и ќе ве поддржуваме во се.

Ви благодариме што го спомнавте механизмот за цивилна заштита на ЕУ, секако дека и вие како земја членка сте го активирале. Како дел од него, моите земји кои се дел од механизмот веднаш одговорија, што всушност покажува колку пријатели има Босна и Херцеговина, колку е почитувана во регионот, колку партнери има да ви помогнат.

Го споменавте и Фондот за солидарност, кој е фонд кој редовно го користат земјите членки во случај на несреќи и катастрофи, но е отворен и за земји кои имаат кандидатски статус. Тоа секако ќе го разгледаме, но дополнително почувствувавме дека е потребна помош веднаш во овој момент, затоа и донесовме одлука да моделираме средства во износ од 20 милиони евра веднаш, без одлагање, а фазата на опоравување и рехабилитација да бидат поддржани и преку фондот за солидарност.

Тука, исто така, ја користам приликата да ѝ се заблагодарам на Босна и Херцеговина за нејзината посветеност на европскиот пат. Оваа земја измина долг пат со многу посветеност, одлучност и напорна работа и вие конечно стигнавте до кандидатски статус, но тоа сега е сосема друга приказна. Сега сме во фаза кога беше донесена позитивна одлука за отворање на пристапните преговори во март годинава, еве една историска одлука која е примарен резултат на напорната работа и на крајот на граѓаните на оваа земја на кои им е многу јасно какова ќе им биде иднината“, рече Фон дер Лајен.

Слични содржини