Фон Дер Лајен на мета на критики, патувала со авион на релација од 50 километри

од Milan1
387 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен се најде на мета на критики по информациите дека користела приватен авион за патување од само 50 километри, додека разговорите за климатските промени биле во тек.

Како што пренесува британски „Телеграф“, Лајен од нејзиното назначување на позицијата во декември 2019 година отпатувала на вкупно 34 службени патувања, од кои дури 18 наврати користела приватен авион.

Таа еднаш користела и авион за да патува од Виена до Братислава, иако растојанието меѓу главните градови е само еден час со автомобил. Таа сепак, како што пишува Телеграф, се одлучила за авионски лет, кој траел 19 минути. Нејзините постапки воопшто не се согласуваат со официјалната политика на Eвропската унија, за испуштање на нула емисии на јаглерод диоксид, додава медиумот.

Слични содржини