Фон дер Лајен: Санкциите за Косово остануваат

од Milan1
32 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата.

На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските лидери се посветени на остварување на овие цели.

Таа го оцени како позитивен чекор отворањето на граничниот премин со Србија, Мердар за премин на српска стока.

– Многу е важно да работиме заедно, а ние го поздравивме отворањето на границата и напредокот во ЦЕФТА. По ова треба да работиме на понатамошни чекори за да дојдеме до точка каде што ќе може да се укинат мерките и тоа ќе помогне да се убеди земјите-членки, затоа што, како што знаете, сите земји-членки мора да се договорат за укинување на мерките. Ние двете (Фон дер Лајен и Османи) сме посветени на изнаоѓање на потребните чекори за постигнување на овие цели. Важно е да го видиме Косово како наш партнер и да го овозможиме патот на Косово кон ЕУ“, рече таа.

Косово е под мерки на ЕУ од јуни минатата година по немирите во општините водени од градоначалници Албанци на косовскиот север, населен со српско мнозинство. За тогашните инциденти меѓународните претставници ја обвинија Владата на Албин Курти, забележувајќи ѝ дека не презела чекори за смирување на ситуацијата.

Слични содржини