Фон дер Лајен: Светот е во трка со времето во однос на Омикрон варијантата

од Milan1
248 прегледи

Светот е во „трка со времето“ со Омикрон варијантата на коронавирус, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Рига, Летонија.

Европската унија „многу сериозно“ ја сфаќа заканата од варијантата Омикрон, додавајќи дека на научниците и производителите ќе им бидат потребни две до три недели „да добијат целосна слика за квалитетот на мутациите“, рече таа.

Фон дер Лајен истакна дека треба да биде „највисок приоритет“ на земјите да ги вакцинираат своите граѓани и да даваат засилувачки дози. Таа, исто така, ја нагласи важноста од носењето маски, хигиената на рацете и физичкото растојание за да се „купи време“ додека не се дознае повеќе за варијантата Омикрон.

Досега, 65,9 отсто од популацијата на Европската унија во моментов е целосно вакцинирана, според денешните податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Слични содржини