(ФОТО+18) Испливаа експлицитни фотографии од забава каде Диди јаде храна врз гола жена

од Milan1
57 прегледи

Фотографиите од разузданата забава на Диди од 2004 година се проширија низ јавноста, а светот секој ден е сè повеќе шокиран од новите обвинувања за познатиот рапер.

Диди ги одржуваше озогласените „бели забави“ во својата куќа во Ист Хемптон, каде се собираа најпознатите луѓе во САД. Гостите доаѓаа облечени во бело и понекогаш се забавуваа со денови. Сепак, сега се откриваат информации дека зад сцената на забавите се случувале страшни работи како дрогирање, силување и злоупотреба.

Токму една од забавите се одржала во 2004 година, а фотографиите од тој момент сега станаа актуелни во медиумите. Всушност, Диди тогаш организирал забава на која централна фигура била гола жена. Таа била украсена со цветови и лежела на маса од која секој можел да земе храна, а најинтимниот дел ѝ бил покриен само со голем лист, пренесува „Дејли мејл“.

Диди бил фотографиран како јаде јагода полеана со чоколадо, послужена врз нејзиното тело. Она што многумина ги шокираше беа и фотографиите од холивудските миленици кои присуствувале на забавата во тој момент. Меѓу присуните биле Вил Смит, Овен Вилсон, Брус Вилис и Дијана Рос.

Да потсетиме, Диди, беше уапсен во Њујорк и е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Тој беше уапсен во Њујорк пред неколку дена, а судијата го одби неговото ослободување со кауција. Тој се изјасни за невин по наведените точки од обвинението, во кое се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, користејќи насилство и закани.

Меѓу луѓето кои доаѓале на неговите контроверзни „бели забави“, се неговата поранешна девојка Џенифер Лопез, Хауард Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Леонардо Дикаприо, Марта Стјуарт, Џеј Зи и Бијонсе, Мараја Кери и тогашниот сопруг Ник Канон, парот Томи Ли и Памела Андерсон, младите Ким и Клои Кардашијан, Ештон Качер…

Слични содржини