(ФОТО) Фон дер Лајен објави карта на Европа на која Косово е дел од Србија

од Milan1
160 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, честитајќи им на Бугарија и Романија што станаа дел од Шенген зоната на 1 јануари, објави и видео со мапа на Европа, на кое се гледа дека Косово e дел од Србија.

На картата со сино беа означени земјите кои припаѓаат на Шенген зоната, а сиво оние кои се надвор од неа, додека Косово беше нацртано во границите на Србија.

Ова предизвика бурни коментари во приштинските медиуми, по што објавата е избришана.

Меѓу нив е и „Кљан Косова“, кој напиша дека од објавувањето на ова видео, профилот на Фон дер Лејен „е преплавен со критики од Албанците и пријателите на Косово“. Истите медиуми ја пренесоа реакцијата на германската политичарка Дорис Пук, односно дека ја прашала Фон дер Лајен: „Каде е државата Косово?

„Очигледно оваа реакција вроди со плод, бидејќи тоа видео повеќе не постои на нејзиниот профил“, пишува „Кљан Косова“.

Слични содржини