(Фото) Јаков Јозиновиќ пред утрешниот концерт во Скопје ја посети спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево

од Весна Трајкова
66 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Хрватската пејачка сензација Јаков Јозиновиќ утревечер ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија, кој е веќе распродаден.

Младиот пејач на ден пред концертот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беше во Крушево каде ја посети Спомен куќата на Тоше Проески. Јаков објави фотографии од спомен-куќата на Тоше, кого во повеќе наврати го има наречено свој идол.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jakov (@jakov.jozinovic)

Јозиновиќ веќе извесен период од ден на ден станува се попознат во регионот, особено по 10-те распродадени концерти во Сава центар во Белград.

Јаков неодамна закажа и концерт во Античкиот театар во Охрид, на на 3 август.