(Фото) Која е „босанската Адријана Лима“? Поради неа сите ја гледаат временската прогноза

од Весна Трајкова
35 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Нора Шахинпашиќ за многу кратко време стана голема ТВ-ѕвезда во Босна и Херцеговина, а поради нејзината убавина, многумина ја споредуваат со бразилскиот топ модел Адријана Лима.

Младата водителка Нора Шахинпашиќ (24), од Босна и Херцеговина, стана вистинска сензација и главна тема на социјалните мрежи поради нејзиниот атрактивен изглед и сличност со славната манекенка Адријана Лима.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORA (@norasahinpasic)

Нора ја води временската прогноза, а интересно е што и нејзините родители се занимавале со новинарство.

Во интервјуто за „Нет.хр“, Нора открила некои детали за себе, а покрај работата како водителка, таа е и студентка по право.

„Мојот интерес за телевизијата започна кога бев мала, но сè стана сериозно пред првата година на факултет. Тоа беше голем шок бидејќи сè уште бев дете, но тоа искуство ме натера да пораснам и мислам дека тој момент ме обликуваше“, изјавила таа за „Нет.хр“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORA (@norasahinpasic)

Поради нејзиниот атрактивен изглед и убавина, веќе ја нарекуваат Босанката Адријана Лима, а Нора дала коментар и за тоа.

„Морам да признаам дека е многу убаво да слушне тоа. Ја следам уште од дете и ја сметам за една од најубавите жени на светот, па затоа е навистина посебно чувство кога некој ќе ве спореди со неа“, рекла Нора.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORA (@norasahinpasic)