Во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денеска охриѓани им даваа поддршка на студентите кои прогласија Автономна зона на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тие собираа парични средства кои ќе им помогнат на студентите за набават продукти кои им се потребни.

Од организациониот одбор велат дека сакаат да им помогнат на студентите да истраат во своите барања и во својата борба.

DSC02923

Ова што се случува во дворот на Факултетот за туризам и угостителство е спонтана граѓанска иницијатива за поддршка на студентите од Студентскиот пленум во остварување на нивните цели за слобода и автономија на универзитетите и целта за повлекување на законот за образование – истакна Мартин Додевски од организациониот одбор.

DSC02940
Тие повикаа и во другите градови да почнат да се организираат слични вакви иницијативи и сите да им помогнат на студентите кои деноноќно ја водат оваа битка.

Се надеваме дека ќе помогнеме. Основната цел е секој своеволно да донира за да се помогне во борбата и истрајноста на студентите. Се надеваме дека ова ќе е пример и за другите градови во државата и да се организираат слични иницијативи во државата – додаде Додевски.

DSC02937

Додевски, во име на организациониот одбор ги повика и ги охрабри студентите да истраат во својата борба и дека доколку е потребно, повторно во Охрид ќе се организира ваква акција и повторно ќе се обидат да им помогнат.

DSC02944

Ги поздравуваме студентите во Автономната зона, ги охрабруваме до крај да ја туркаат оваа борба и им порачуваме дека доколку оваа борба е подолготрајна, ние сме подготвени повторно да се собереме и повторно да помогнеме – заврши Додевски.

Подоцна, организаторите се преместија на кејот на Охридското Езеро каде и таму ги повикуваа граѓаните да им помогнат на студентите.

Слични содржини