Судењето на Шон Комбс секој ден открива сè повеќе шокантни детали, а најновиот потег на неговата одбрана предизвика бура во јавноста. Со објавувањето на компромитирачка фотографија со Ријана и Серена Вилијамс, Диди се обиде да се спаси, но во исто време сериозно го загрози угледот на овие светски ѕвезди.
Судењето на Шон „Диди“ Комбс започна на 5 мај 2025 година во Њујорк, откако тој отфрли договор за признавање на вина и се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со луѓе, рекетирање и принудна проституција. Првите недели од судењето беа обележани со сведочењето на Касандра „Кеси“ Вентура, која детално ги опиша годините физичко и емоционално злоставување, како и наводните принудни сексуални средби организирани од Комбс, според обвинението.
Бројни познати личности беа споменати во нејзиното сведочење, како што е Брус Вилис, а адвокатите на Диди вклучија фотографија во доказите на одбраната што може сериозно да го оштети угледот на Ријана и Серена Вилијамс.
Во доказите презентирани на судот од одбраната на Шон „Диди“ Комбс, имаше црно-бела фотографија од две светски икони во бикини.
Според „DailyMail“, станува збор за слика од 2012 година на која Ријана и Вилијамс лежат на кревет под огледало на таванот, со трета жена, наводно Каприор Кларк, поранешна асистентка на Диди, која сведочеше претходно оваа недела дека била отпуштена за време на заедничко патување со Ријана.
Диди се обидува да докаже дека Кеси била на забавите доброволно, а
Фотографијата наводно била дел од подолга СМС-порака испратена од Кеси Вентура до музичкиот могул.
Иако нема докази дека Ријана или Серена Вилијамс биле вклучени во обвинувањата против Комбс, вклучувајќи ги и обвинувањата за принуда, манипулација и таканаречени „фрик-оф“ сексуални средби, одбраната ја вклучи таа фотографија меѓу десетици пораки и слики насочени кон прикажување на Кеси како доброволен учесник во она што тие го нарекуваат „интензивна и неконвенционална врска“.
Притоа, одбраната се обиде да ја дискредитира Кеси и да сугерира дека таквите средби биле дел од согласноста и начинот на живот, а не принуда, иако употребата на фотографијата истовремено го нарушила угледот на Ријана и Серена Вилијамс, кои немале никаква врска со обвинувањата.
Од друга страна, обвинителството го тврди спротивното: Кеси, според нивните обвинувања, била емоционално манипулирана и принудена да учествува во сексуални дејствија за време на 11-годишната врска.
#SerenaWilliams and #Rihanna pictured in a selfie, lying on a bed at a #diddyparty #DiddyFreakoffs #DiddyTrial #Diddy #SeanDiddyCombs #SeanCombsTrial pic.twitter.com/XMaATXhcFr
— Lilly inLondon (@Lillyin_London) May 28, 2025