(ФОТО) Украинците за прв пат објавија фотографии, ова е новата ракета на Путин

од Milan1
63 прегледи

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета која беше пробно лансирана во четвртокот, погодувајќи фабрика во Украина. Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днипро била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека истрелувањето на експерименталната ракета „Орешник“ е одговор на употребата на американски и британски ракети способни да погодат подлабоко во руска територија.

Украинската служба за безбедност вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена „Орешник“ (на руски значи лешник), се вели дека е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета „РС-26 Рубеж“ и може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.

Остатоците, кои сè уште не се детално анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.

Според Украинската управа за разузнавање, проектилот бил истрелан од 4-тиот ракетен полигон Капустин Јар во регионот Астрахан во Русија и летал 15 минути пред да го погоди Днипро. Ракетата имала шест боеви глави.

„Важно е да се напомене дека ова е првпат остатоците од ваков проектил да се најдат на територијата на Украина“, изјави експерт од украинската служба за безбедност, кој се претстави само како Олех бидејќи не бил овластен да разговара со медиумите.

Ракетниот напад предизвика нова загриженост во Вашингтон. Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, рече дека новата администрација сака „да ги доведе двете страни на преговарачка маса, но е загрижена за ескалација“.

Во интервју за „Фокс њуз“, Валц рече дека се сретнал со советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан за да разговараат за американската политика и опции во Украина и додаде дека тие разговори ќе продолжат.

„Грешат нашите противници кои сметаат дека ова е можност за манипулација меѓу двете администрации“, рече тој. „Ние дејствуваме во дует, Соединетите Американски Држави се тим во овој преоден рок.

Валц, исто така, ја поддржа одлуката на Бајден да испрати противпешадиски мини во Украина, велејќи дека тоа е чекор кон стабилизирање на линиите, но ја нагласи желбата на Трамп брзо да го заврши конфликтот.

„Новоизбраниот претседател е многу загрижен за ескалацијата и правецот во кој сето тоа оди“, рече Валц. „Мораме да го доведеме овој конфликт до одговорен крај. Мораме да го вратиме мирот и да преземеме иницијатива да избегнеме понатамошна ескалација, наместо само да реагираме на тоа“, додаде тој.

Меѓутоа, војната не покажува знаци на смирување. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија користела повеќе од 800 наведувани бомби и стотици беспилотни летала во изминатата недела. Во меѓувреме, Русија тврди дека соборила 34 украински беспилотни летала над нејзините западни региони.

Слични содржини