Властите на Филипини наредија евакуација на десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфинот Ман-ји до брегот на островската држава, пренесува Бета.
Manila Mayor Honey Lacuna-Pangan ordered preemptive evacuation in seven coastal barangays, as part of the preparations for the possible onslaught of Typhoon Pepito.#Pepito #PepitoPH #ManYi #Gonzaga #Cagayan #Philippines #Rain #Flood #Typhoon #typhoonmanyi https://t.co/S4EIMEqgMS pic.twitter.com/aCZqrBXyQI
— GeoTechWar (@geotechwar) November 16, 2024
Откажани се десетици летови, а властите во североисточниот регион Бикол каде што се евакуирани околу 180.00 илјади луѓе, предупредија на „потенцијално катастрофална ситуација опасна по живот“.
Метеоролошката служба соопшти дека супер-тајфунот Ман-ји, локално познат на Филипините како Пепито, добива на сила, со удари на ветер од 215 километри на час и огромни плимни бранови високи и до три метри.
Powerful surge hits due to typhoon Pepito in Catanduanes, Philippines 🇵🇭 (16.11.2024)#DisasterNews pic.twitter.com/cuCbCNZcvb
— 🔞 SA911 (@Zulu72944051488) November 16, 2024
Ман-ји ќе биде шестата голема бура што ќе ги погоди Филипини во поседните 30 дена. Минатиот месец во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Трами и тајфунот Кун Реј загинаа 162 лица, а 22 се водат како исчезнати.