ФОТО: Жена (81) влетала со автомобил во шатор на фестивал во Шпанија, повредени 18 лица

од Stefanija Kuzmanovska

За време на фестивал во шпанскиот град Понтеведра, 18 лица се повредени кога автомобил влетал во шаторот каде што луѓето славеа.

Инцидентот се случил во неделата доцна навечер.

Во моментот кога автомобилот влетал во шаторот и ги прегазил луѓето, свирел оркестар, пренесе „НИУС Диарио“.

Најтешко поминал малолетник кој е во критична состојба, а бил префрлен во блиската болница „Сантијаго“.

Медицинските екипи на лице место укажале помош на 11 лица, додека седум лица со сопствен превоз се упатиле во болница.

Повредениот малолетник е во тешка состојба, има внатрешно крварење во пределот на стомакот.

Зад воланот била 81-годишната сопруга на Луис Фалконе Фалконети, шверцер на дрога, кој беше осуден за трговија со хашиш во 1990-тите.

Таа рекла дека додека возела почувствувала вртоглавица, кога се случила несреќата.

Слични содржини