32
Франција ги покани министрите за надворешни работи на Украина, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство и Европската унија, како и новиот американски државен секретар Марк Рубио, на состанок за Украина на 12 февруари, информираат дипломатски извори.
Се уште не е познато дали новиот американски државен секретар Марко Рубио ќе присуствува на овие разговори, дознава „Ројтерс“ од неименувани дипломатски извори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска изјави дека европските безбедносни гаранции само за Украина, без американските гаранции, нема да бидат доволни, бидејќи, како што наведе, рускиот лидер Владимир Путин не се плаши од Европа, пренесува „Танјуг“.