Франција го покани амбасадорот на Иран на разговор

од Симе Стоиков
235 прегледи

Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало иранскиот амбасадор на средба за да го осуди нападот на Иран врз Израел.

Франција најостро го осуди нападот, се вели во соопштението на Министерството, во кое се додава дека Франција работи со своите партнери на деескалација на ситуацијата и ги повикува сите на воздржаност, пренесе Ројтерс.

И белгиското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека го поканило иранскиот амбасадор да разговара со него за да го информира дека го осудува иранскиот напад врз Израел.

„Овој напад ја загрозува и регионалната стабилност и населението на Блискиот Исток и нè оддалечува од мирот. Ги повикувам сите страни да покажат најголема воздржаност“, рече белгискиот министер за надворешни работи Хаја Лахбиб.

Претходно, Германија го покани и иранскиот амбасадор на разговор откако Техеран го нападна Израел со ракети и беспилотни летала за време на викендот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Берлин.

Во ноќта меѓу саботата и неделата, Иран лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загина командантот на Иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик како и пет полицајци кои ги придружувале.

Слични содржини