Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за TF1.

Тој рече дека „без сомнение“ постои поврзаност меѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас, објави ТВ БФМ.

„Според нашите информации, за жал, постои поврзаност меѓу она што се случи на Блискиот Исток“, објасни тој.

Францускиот министер за внатрешни работи, говорејќи за TF1, рече дека властите мора да бидат уште поостри кон радикализираните луѓе во Франција.

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алах Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа.

Според полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.

Слични содржини