Франција наскоро во Уставот може да го впише правото на абортус

од Radmila Tasevska
206 прегледи

Во францускиот Устав наскоро би можело да биде впишано правото на абортус.

„Владата на десниот центар денеска го претстави предлог-закон во корист на таа мерка“, рече владиниот портпарол Оливие Веран.

Двата дома на Парламентот претходно изразија поддршка за уставна заштита на правото на абортус.

Во Франција од 1975 година се дозволени абортуси до десеттата недела од бременоста.

Оттогаш е променет законот, според кој, сите жени можат да абортираат до 14-та недела од бременоста, а трошоците за зафатот ги покриени здравственото осигурување.

Слични содржини