Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Во Франција в недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува Фигаро.

Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ја спречи силата „да ги искористи предностите од (изборните) резултати за да создаде неред“, рече Дарманен

Слични содржини