15
Франција дејствува против криумчарењето мигранти на Балканот, порачуваат од француската амбасада во Скопје.
-Нашиот офицер за врска учествуваше, од 4 до 7 ноември во Софија, на регионална обука со експерти од Централната канцеларија за борба против криумчарење мигранти (OLTIM) и проектот EU4FAST, на која учествуваа околу педесет полициски службеници, како и судии и јавни обвинители од регионот: Бугарија, Грција, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија, велат од амбасадата.
Тие посочуваат и која е целта:
„Да ги координираме нашите напори за зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа и да ги разбиеме транснационалните криминални мрежи. Заедно сме посилни“!