339
Француската полицијата „неутрализирала“ вооружен маж кој се обидел запали синагога во градот Руан во северозападниот дел на земјата, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, јавува Би-би-си. Мажот, според првичните информации, бил вооружен со нож, а полицијата го застрелала во моментот кога тргнал кон неа.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињол изјавил дека нападот на синагогата не влијае само на еврејската заедница, туку дека и целиот град е во шок.
Полицијата била повикана утрово околу 6:45 часот, откако бил забележан чад што се издигал од синагогата.