Француски министер: Путин е единствената пречка за мир во Украина

од Milan1
38 прегледи

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави денес во Вашингтон дека рускиот претседател Владимир Путин е „единствената пречка“ за мир во Украина, еден ден откако Вашингтон и Киев потпишаа договор за експлоатација на украинските минерални ресурси.

„Мораме да признаеме, и мислам дека сега е кристално јасно, дека единствената пречка за мир во Украина денес е Владимир Путин“, рече Баро во интервју за АФП, нагласувајќи дека Украина „го исполнила својот дел од договорот“, по средбата со неговиот американски колега, Марк Рубио, во Стејт департментот.

Украина „прифати безусловно примирје и вчера се согласи да склучи договор за ретките минерали со САД, што, според изјавите на украинските претставници, одговара, би рекол, на очекувањата на Украина да се вклучи во економска соработка со САД, но и со други земји“, рече Баро.

„Во меѓувреме, Русија на Владимир Путин не вложи никаков напор, не испрати никаков знак дека е подготвена за прекин на огнот и мирот што го сакаат претседателот Доналд Трамп, но и Европејците и, секако, Украинците“, додаде тој.

Баро не ја исклучи можноста Франција, која има експерти во областа на минералните ресурси, да склучи економски договор со Украина.

Слични содржини