„Француски војници во Украина“, ковчези со мистериозен натпис пронајдени кај Ајфеловата кула

од Илинка Илиоска
409 прегледи

Пет ковчези покриени во француски знамиња на кои пишува „француски војници во Украина“ се пронајдени во близина на Ајфеловата кула во Париз. Во врска со инцидентот се уапсени тројца странски државјани, пренесе АФП повикувајќи се на полициски извори.

Околу 09:00 часот во саботата три лица оставија пет ковчези со целосна големина на Кеј Бранли во Париз, во близина на основата на Ајфеловата кула. Ковчезите, како што изјави извор за Франс прес, содржеле гипс.

Во близина е уапсен камионџијата кој ги превезувал ковчезите. Тој на париската полиција изјавил дека му биле платени 40 евра за да вози уште две лица и нивниот товар. Според АФП, возачот пристигнал од Бугарија претходната вечер.

Двајца други осомничени подоцна беа приведени од другата страна на Париз, на автобуската станица Берси, каде што требаше да се качат во автобус за Берлин. Еден од приведените бил Украинец, а другиот Германец.

Нивниот мотив е нејасен, но натписот на ковчезите најверојатно се однесува на дискусиите за можноста за испраќање западни трупи во Украина, иницирани од францускиот претседател Емануел Макрон.

Франција неодамна најави дека наскоро може да испрати воени инструктори во Украина.

Слични содржини