Франција може да воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Највисокото советодавно тело за здравство на Франција препорача во петокот да се воведе обврска за вакцинација без одлагање за здравствените работници и другите работници кои стапуваат во контакт со ранливи лица во пандемијата на коронавирус.

Француската влада внимателно ги следи препораките на ХАС, кој исто така препорача употреба на Pfizer и Moderna, вакцини кои користат mRNA технологија, против ширење на многу заразна делта варијанта, бидејќи тие нудат поголема заштита од другите вакцини.

„Иако бројот на нови случаи и притисокот врз болничкиот систем се уште се релативно ниски, динамиката на епидемијата во Франција е значителна и може брзо да доведе до влошување на здравствената состојба“, соопштија од ХАС.

Претседателот Емануел Макрон се очекува да и се обрати на нацијата во понеделник и да разговара за напредокот на епидемијата и стратегијата на владата за намалување на влијанието на неизбежниот четврти бран за кој предупредуваат многу научници.

Владини официјални лица неодамна изјавија дека задолжителната вакцинација на здравствените работници се разгледува бидејќи доминантната делта варијанта на коронавирусот предизвика нагло зголемување на стапката на инфекција во Франција.

Слични содржини