Франција сака воена победа за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Франција сака воена победа на Украина против Русија што ќе доведе до обновување на територијалниот интегритет на оваа земја, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го окупираше во 2014 година, изјави денеска француски дипломатски извор.

Изворот додаде дека останува на украинскиот претседател Владимир Зеленски да дефинира каква би можела да биде воена победа, пренесува „Ројтерс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во четвртокот во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори против руската инвазија.

Слични содржини