Европската унија ќе воведе санкции кон Москва по „неприфатливиот“ влез на руските војници во регионот Донбас во Украина, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
„Очигледно е дека ќе иницираме санкции“, рече Ле Дриан пред состанокот на европските министри за надворешни работи во Париз.
Според него, „тоа е кршење на меѓународното право“.
„Тоа е напад на суверенитетот и интегритетот на Украина, Русија се откажува од своите меѓународни обврски и договорите од Минск што ги потпиша“, рече Ле Дриан.
Тој истакна дека „ситуацијата е многу сериозна“.
Ле Дриан додаде дека европските лидери треба да пренесат три пораки – да заземат цврст став против дејствијата на Русија, да покажат солидарност со Украина и да покажат единство во Европа.