Француските екстремно десничарски претседателски кандидати обезбедија потписи

од Milan1
234 прегледи

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи потребни за учество на изборите во април, пренесуваат француските медиуми. Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи, а Марин Ле Пен 503.

Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори.
Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително зад оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура.

Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, кој е закажан за 10 април. Ле Пен може да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

Слични содржини