Френки де Јонг оди на турнеја со Барса

од Vladimir Zorba

Френки де Јонг, поврзан со трансфер во Манчестер Јунајтед, заминува со Барселона на американската турнеја на тимот. Така, се потврдуваат изјавите на челниците на Каталонците од овие денови дека играчот од средниот ред нема да си замине.

„Блаугранас“ го објавија списокот со играчи кои денеска ќе одлетаат за САД. Во него не е Роберт Левандовски, но тоа е само затоа што тој се уште не го потпишал договорот. Сепак, се очекува утре и тој да оди таму.

Од групата, тренерот Чави Ернандез ги прогласи за вишок Самуел Умтити, Мартин Брајтвајт, Рики Пуч, Оскар Мингеса и голманот Нето. Тие ќе бараат нови тимови.

Интересното е што тренерот му изгласа доверба на Миралем Пјаниќ, кој минатата сезона беше на позајмица во Бешикташ.

Барселона ќе остане на американско тло до крајот на месецот и ќе одигра четири натпревари: против Интер (Мајами) (20 јули), Реал Мадрид (24 јули), Јувентус (27 јули) и Њујорк Ред Булс (31 јули).

Слични содржини