Фрлен молотов коктел врз рускиот конзулат во Украина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
280 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека некој фрлил молотов коктел врз рускиот конзулат во украинскиот град Лвов и дека поднесе официјален протест поради, како што го нарече, „терористички чин“.

Руското Министерство за надворешни работи повика украински функционер и побара извинување од украинските власти.

Украинската полиција во Лвов соопшти дека покренала истрага за инцидентот, кој го нарекоа „хулигански чин“, пренесува Ројтерс.

Фото: Ukrainian Pravda